3 Услуги
3.3.6 Сексуално преносливи инфекции
2014 Консолидирано упатство за клучните популации
Сите клучни популации
Преглед, дијагностика, грижа, поддршка и лекување на сексуално преносливите
инфекции се клучни делови за сеопфатен одговор на ХИВ. Ова вклучува услуги
за клучните популации. Управувањето со СПИ треба да биде во согласност со
постојните упатства на СЗО и да биде прилагодено на националниот контекст.
Исто така, треба да биде доверливо и без присилување, а пациентите мора да
дадат согласност за третманот. Се препорачува периодично прегледување
на луѓето од клучните популации за асимптоматски СПИ. Во отсуство на
лабораториски тестови, симптоматските луѓе од клучните популации треба да се
раководат синдромски во согласност со националните упатства за управување со
СПИ.
Трансродни лица
Здравствените работници треба да бидат чувствителни и запознаени
за специфичните здравствени потреби на трансродните луѓе. Особено,
испитувањето на гениталиите и собирањето на примероци може да биде
непријатно или вознемирувачки во зависност од тоа дали лицето било
подложено на генитална реконструктивна хирургија (дали го променила полот).
Скрининг
Клиентите со симптоми за СПИ може да бидат свесни дека се инфицирани
и поголема е веројатноста самите да побараат помош. Редовен преглед за
асимптоматските инфекции кај транс луѓето кои користат лабораториски
тестови е рентабилен со оглед на високите стапки на сексуално преносливите
инфекции и може да ја намали преваленцијата на СПИ со текот на времето.
Затоа е од суштинско значење да се инвестира во редовните прегледи за
СПИ. Каде што е достапна лабораториска дијагноза, лабораториите треба
да бидат опремени со квалификуван персонал со соодветна обука за да
се спроведат технички тешките процедури, со воспоставени системи за
обезбедување на висок квалитет на услугите.
Отсуството на лабораториски тестови не треба да биде пречка за да се
спроведе прегледот и лекување на транс лица за СПИ. Редовен преглед
на СПИ е можност за зајакнување на превенцијата и решавање на другите
здравствени потреби. Прегледот може да се состои од испитување на
симптомите за СПИ и проверка на знаци за евентуални анални и генитални
инфекции, вклучувајќи анален, вагинален и проктоскопски преглед.
Рамка 3.9
Упатство за третман на СПИ
СЗО Упатство за управување со сексуално преносливите инфекции (2004, надоградена во
2016)
www.who.int/hiv/pub/sti/pub6/en
Aмериканските Центри за контрола и превенција, Упатство за сексуално преносливи болести
и третман, 2015
http://www.cdc.gov/std/tg2015/default.htm
120