My first Publication TRANSIT tool | Page 119

3 Услуги Мислења за плодноста 2014 Консолидирано упатство за клучните популации Битно е контрацептивните средства да се секогаш достапни, бесплатни, доброволни и неприсилни за сите луѓе од клучните популации. Транс лицата имаат специфични потреби за сексуално и репродуктивно здравје (SRH) и грижи кои здравствените работници треба добро да ги познаваат и да бидат чувствителни. • Основните чекори за ефикасно планирање на семејството и советување за контрацепција за транс-поединците се: • Обезбедување советување за да се одреди желбата на поединецот да има биолошко потомство. • Да се дискутираат достапните методи за контрацепција, вклучувајќи и двојни методи на заштита. • Определување на медицинска подобност за посакуваниот метод за планирање на семејството. • Обезбедување или пропишување методи за планирање на семејството. • Промовирање и обезбедување на кондоми и лубриканти • За лицата кои се ХИВ позитивни, разговарајте за хормонската терапија за дејството на хормоните и хормонската контрацепција за ART (види Секција 3.3.9). Следниве информации треба да се обезбедат за да може транс лицата да направат информиран, доброволен избор на контрацептивни методи: • релативна ефективност на секој метод; • правилна употреба; • како работи; • чести несакани ефекти; • здравствени ризици и придобивки; • знаци и симптоми кои ќе бараат враќање во клиниката. Некои транс-поединци може да бидат помалку подготвени за да преговараат во врска со користењето на кондоми или други контрацептивни методи со своите партнери, со цел да не се откријат дека се трансродни или да го афирмираат својот родов идентитет. Така, тие можеби ќе имаат потреба од двојни методи за заштита од бременост (за себе или за нивните партнери), како и против сексуално преносливите инфекции и ХИВ (види Секција 3.3.5). Хормонски контрацептивни средства Кога се обезбедуваат SRH услуги за трансродните жени, важно е да се обидат да им помогнат да пристапат до соодветен третман за родово 118