My first Magazine Vesnik br.7 | Page 8

МАЧР денес и утре
Реализирани активности на МАЧР
9. Интернационална конференција за човечки ресурси и ЧР експо“ The best HR Solutions for Facing Challenges in the Fast Growing Industries” Одржана на 31 мај— 1 јуни 2017, хотел“ Александар Палас”
Жерард
О‘ Донован,
говорник
и
коуч
од
Британија,
зборуваше
за
комбинација
од
лидерство
и
коучинг.
― Светот во кој живееме има потреба од лидерство и коучинг. Живееме во свет што се менува. Предвидувам дека следните седум години светот значително ќе се промени. А коучингот ги менува луѓето, им помага да се надградуваат, да растат, да креираат … Коучингот е нешто што доаѓа. Магазинот Fortune пред две години напиша дека луѓето не ги напуштаат компаниите, туку ги напуштаат менаџерите. А ќе ви кажам кого никогаш нема да го напуштат луѓето – инспиративен лидер. Да зборуваме за лидерството. Што имаат лидерите? Визија. Визија да ги видат своите тимови, компании, земји на поинаков начин, да сакаат да постигнат повеќе, да остават повеќе наследство зад себе … Што друго имаат големите лидери? Добри се во комуникација. Следно, лидерите имаат интегритет, луѓето им веруваат. Лидерите имаат отворени умови, сакаат да учат, да се менуваат, да растат. Ова се квалитети на лидерите”, рече О‘ Донован.
За најновите трендови во регрутирање вработени зборуваше Игор Жоња, извршен директор на интернет страната за вработување Мој Посао од Хрватска, кој воедно ја најави и идната соработка со Вработување. ком.
Дарко Велков, директорот на Вработување. ком, пак, излезе со факти извадени од оваа платформа, за тоа што се случува и ќе се случува на пазарот на трудот, што е многу важно за сите сопственици на компании и за менаџерите на човечки ресурси. Според аналитиката на оваа платформа, топ пет позиции со најмногу објавени огласи на она што се барало во Македонија 2016 и на почетокот на 2017 се: продажбата на прво место, потоа возачи, курири, дистрибутери, на трето место е кадар во угостителство, комерција на четврто и работници за во магацин. По индустрии, најмногу објавени огласи има во индустријата за малопродажба, потоа угостителство, ИТ, трговија и дистрибуција и на петто место е производство. Најмногу добиени апликации по работна позиција има од областите: продажба, дистрибуција и возачи, комерцијалисти, магацин и администрација. Како дефицитарен кадар минатата година и на почетокот на оваа година, во топ пет се: текстилни работници, осигурителни агенти, кол оператори, кадар за во угостителство, технички персонал( заварувачи, лимари итн.) и ИТ кадар. Предвидувањата за 2017 се дека продажбата ќе биде многу дефицитарна позиција, ќе се бараат осигурителни агенти, кол оператори, ИТ профили, инженери, фризери, козметички работници и медицински специјалисти.
( продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 8