My first Magazine Vesnik br.7 | Page 7

МАЧР денес и утре Реализирани активности на МАЧР 9. Интернационална конференција за човечки ресурси и ЧР експо “The best HR Solutions for Facing Challenges in the Fast Growing Industries” Одржана на 31 мај—1 јуни 2017, хотел “Александар Палас” За тоа дека живееме во свет на креативни и интелегентни луѓе од кои на повеќето им е тешко да се воочат и да се препознаат, за тоа како да се привлечат и задржат талентите нудејќи неколку практични начини и примери, зборуваше сопственичката на хрватската компанија Mam- force, Дијана Кобашиќ. Покрај направениот осврт на првиот ден од страна на Христина Лозаноска и претходниот претседател на ЕАПМ, г. Филипо Абрамо, вториот ден го отвори, наградената менаџерка за човечки ресурси за 2016 година во Бугарија, Миглена Узунова – Цекова од Mobiltel EAD. Темата на која се обрати беше “Програми за препознавање и нивната додадена вредност‖. Според неа, препознавањето е од најголема важност за ангажираност на вработените, и го сподели нејзиното искуство со ваквите програми кои се имплементирани во Mtel и кои се резултатите од имплементацијата. ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 Ксавиер Молиние, директор на одделот за човечки ресурси на француската компанија Pho- tobox, и со долгогодишно искуство во DELL компанијата, се осврна на промените на очекувањата на вработените во компаниите. “Живееме во многу конектиран свет, имаме наплив од информации. Во 19 век, приливот на информации бил еквивалентен како да се прочита еден дневен весник за целиот животен век. Денес сме преплавени со информации. Но главната работа не е да дојдеме до информации, туку да дојдеме до важните информации. Се проширија и границите. Сега работиме од секаде, за секаде. Променети се и очекувањата на вработените. Генерациите што доаѓаат (Y и Z) имаат различни вештини, вредности, амбиции и очекувања од светот. Генерацијата Boomers (1946-1964) е генерација на искуство, на градење релаци и, ориентирана кон пружање услуги, за нив процесот е пред резултатите, не го сака конфликтот. Генерацијата X (1965-1977) е технолошки писмена, не се плаши од авторитет, креативна и скептична. Генерацијата Y (1977- 1989), позната и како Милениалс, постојано ги проверува мејловите, информациите, постојано се на Интернет. Тие го претставуваат светот. Ако сакаме компаниите да ги исполнат очекувањата на клиентите, треба да ги прифатиме нивните идеи. А некогаш имаат луди идеи. Тие се тимски ориентирани, “мултитаскери” со глобален ум. Тука е и генерацијата Z, која е зависник од социјални медиуми, не признава авторитет и класично менаџерско однесување, тие се љубопитни и многу добро информирани”, констатира Молиние. (продолжува) www.mhra.mk 7