My first Magazine Vesnik br.7 | Page 34

Стручни трудови и статии Развој на креативноста на лично ниво, развој на меките вештини... Автор: д-р Елица Перчинкова Член на МАЧР Секоја од овие фази бара системски приод во планирањето и извршувањето со цел системот на развој на човечки ресурси да ја постигне својата цел, а тоа е креирање на можност за развој и искористување на потенцијалите на секој вработен. Менаџментот на човечки ресурси може да биде дефиниран како стратегиски и кохерентен пристап кон управување со најзначајните средства на ед-на организација, односно луѓето кои работат во неа, кои поединечно и ко-ле-к-ти- в-но -придонесуваат во реализацијата на нејзините цели. 1 Организациско учење како услов за креативна атмосфера Денес организациите работат во една многу динамична средина која бара брзо реагирање на промените. Честопати успешното реагирање на промените бара и нови знаења, односно учење на нови вештини. Успешното усвојување на новото знаење и неговата примена зависи од извршениот трансфер на знаење. Успешниот трансфер на знаење во голема мера зависи и од условите во кои се извршува. За да одговори на промената, организацијата треба да се менува, односно да учи. Бидејќи организациите се составени од индивидуи, ор-га-ни-за-ци-с-ката - промена започнува со индивидуалното учење и раст, а тоа бара промена во- менталните модели на личноста. Учењето, односно индивидуалната промена е предуслов за организациската промена. Промената мора да се случи прво на ментално, а потоа на физичко ниво. Организацијата претставува еден динамичен комплекс на односи и релации, па согласно со тоа и учењето во една организација зависи од самиот поединец, организациската култура и средина. Учењето во организациите е специфично и тоа може да биде од колегите, средината, водството, формална обука, надзорништво или самообразување. Во процесот на учење во една организација актери се непосредниот раководител и колегите. Не треба да се изостави и влијанието на работната околина, условите, работните задачи, организациската поставеност. Во процесот на учење голема улога има и ор-га-ни-за-циската култура, колку се промовира развојот на членовите, како на групно та-ка- и на индивидуално ниво. Развој на креативните потенцијали на вработените Кога зборуваме за успешен развој, односно ефикасност и ефективност во функционирањето на која било организација, треба да се има предвид дека тоа не е можно да се постигне без постоење на луѓе кои располагаат со неопходни зна-ења, умеења, способности и вештини и нивно соодветно однесување и ангажирање. 1 Добри Петровски, Меначмент ма шовешки ресурси, Универзитет Св. Климент Охридски, Битола, 2007, стр: 20 ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 (продолжува) www.mhra.mk 34