My first Magazine Vesnik br.7 | Page 33

Стручни трудови и статии
Развој на креативноста на лично ниво, развој на меките вештини...
Автор: д-р Елица Перчинкова Член на МАЧР
Успехот на една организација зависи од тоа со каков кадар таа располага, односно за зајакнување на човечкиот капитал на една организација е потребно континуирано ажурирање на знаењето, следење на новините во соодветната област. Развојот треба да се комбинира со методи на работното место и надвор од него, со цел не само кон професионално знаење туку и кон т. н. меки вештини, развивајќи самостојност во работата, самораководење и тимска работа. Овој процес имплицира нови задачи за раководителите во развојот на надлежности на сопствените членови од тимот. Развојот на човечките ресурси е ефикасен и ќе има вистински придонес во постигнување на стратешките цели на една организација, доколку се изведува како стратешка активност употребувајќи интегриран систем за развој, кој е блиско поврзан со другите системи за раководење во организацијата. Ова имплицира две линии на активности, дефинирање на развојот на надлежности, кој е потребен за група на вработени кои ги имаат предвид стратешките цели, и дефинирање на индивидуалните потреби за развој, имајќи ги предвид потребите на одредена група од која вработениот е дел и индивидуалните потреби на секој вработен.
Креативнста и потребите од учење во организациите
Секоја организација која сака да оди напред треба да ги следи новините, што значи треба да има изграден систем за развој на човечките ресурси. Системот за развој на човечките ресурси треба да биде во линија со ор-га-ни-зациската стратегија и стратегијата за човечки ресурси, како и со системот за ра-ководење со човечките ресурси на организацијата. Системот за развој на чо-вечките ресурси треба да ги поддржи постигнувањата на стратешките цели пре-ку обез-бедување развој на клучни и критични надлежности и усогласување со насоките за развој кои се формулирани во политиките за човечки ресурси, во меѓувреме, исто така, да даде поддршка на развојот на кариерата на вра-бо-те-ни-те--. Системот за развој на човечки ресурси треба да биде интегриран во други потсистеми и алатки за раководење со човечките ресурси во организација.
Развојот на човечките ресурси во организациите е комплексен, кружен процес со фази на планирање, имплементирање, евалуација и повратен механизам за планираната активност. Фазите за процесот на развој на човечките ресурси се: анализа на потребите за развој, елаборација на планот за развој, елаборација на програмите за развој, имплементирање на планот за развој, евалуација на резултатите и повратен одговор од процесот на планирање.
( продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 33