My first Magazine Vesnik br.7 | 页面 27

МАЧР денес и утре Проектни активности Македонската асоцијација за човечки ресурси, партнер во спроведување на проектот: Young Professionals - Say No to bullies! Финансиран од Еразмус Плус програмата 2016-2017 Прв дел: Семинар со кој се отпочнаа активностите на проекетот !!!” Проектот ―Young professionals! Say no to Bul- lies!!!” финансиран од Еразмус+ програмата е проект со повеќе цели адресиран за млади луѓе кои влегуваат во пазарот на трудот, луѓе кои се поврзани со организации кои ги поддржуваат жртвите на bullying, дискриминација, сексуално злоставување, како што и самиот наслов на проектот кажува. Проект вклучуваше две главни активности, односно започна со семинар кој се одржа во Лублин, 10-17 ноември 2016 чија цел беше да се размени искуство и информации. Семинарот го привлече вниманието на проблемот и значењето за проблемот, потребата на младите луѓе да ги разберат последиците и можностите на пазарот на трудот. Идејата беше насочена кон тоа да се добие слика за моменталната состојба, како задоволството од работата и работните услови. Во времетраењето на семинарот, учесниците се сретнаа со претставници на Инспекторатот на трудот и Националната Асоцијација за Антимобинг, за да ги запознаат двете клучни Полски организации кои ги подржуваат луѓето во потешкотиите во работната средина. Во проектот, покрај Македонија, застапена преку МАЧР, учествуваа претставници од повеќе земји, како Полска, Обединетото Кралство, Грција, Украина, Египет, Белорусија, Унгарија, ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 Ерменија, Србија, Италија, Романија, Русија, Босна и Херцеговина. Самиот проект беше поддржан од многу HR специјалисти, менаџери, експерти за вработување, психолози и педагози кои истовремено беа и учесници на програмата. На семинарот учествуваа околу 31 луѓе од 14 партнерски организации. По завршувањето на активностите на семинарот, учесниците го посетија Музејот Мајданек и Замокот во Лублин. На интеркулурното дружење, учесниците подготвија презентација за нивната организација и држава. Низ дискусија, самите учесници направија планови за вториот дел од проектот. Семинарот имаше повеќе ефекти, како зголемување на знаењето за вознемирување, дискриминација, малтретирање, зголемување на знаењето за причините и методите на работа против овие појави, зголемување на знаењето за ситуацијата на работното место во различни земји, зголемување на знаењето за добрите практики во мобинг, права и граѓански слободи, зголемување на знаењето за можноста да се дојде до локалните општества преку отворена дебата. На семинарот се подобрија комуникациските вештини на учесниците преку меѓусебно споделување на кул