My first Magazine Vesnik br.7 | Página 26

МАЧР денес и утре
Македонската асоцијација за човечки ресурси, партнер во спроведување на проектот:
„ Развивање на следната генерација лидери и менаџери низ применето знаење” финансиран од Еразмус плус програмата 2015-2017
Проектни активности
Кратко резиме на проектот:
Проектот „ Развивање на следната генерација лидери и менаџери низ применето знаење ‖ е поделен во три фази. Во првата фаза од реализација на проектот, партнерите во проектот( М6 Едукативниот Центар – Скопје, Економскиот Факултет при Универзитетот во Љубљана, Италијанската Асоцијација за Човечки Ресурси, Идеа ОК и Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси извршија анализа на квалитетот на кадар кои им е потребен на компаниите во Македонија т. е ја истражија побарувачката на кадар на квалитативно ниво. Исто така, партнерите извршија и квалитативно истражување за понудата на пазарот на трудот фокусирајќи се на квалитетот на кадар кои произлегува од стручното високо обрзование. Целта на анализите беше да се осознае дали потребите на пазарот на труд можат да се задоволат исклучиво со завршувањето на студиите или потребна е доквалификација на кадарот кои им е потребен на компаниите. Истражувањето беше спроведено во две насоки, испитување на потребите и ставовите на компаниите и потребите и ставовите на нововработените лица кои штотуку се вработени. Во следната фаза на проектот, беа изберени 30 учесници:
� Студенти во финална година на студии при
земјоделскиот, машинскиот, економскиот,
технолошко-металуршкиот
и
градежниот
факултет на УКИМ
� Нововработени во дел од најголемите компании во Македонија( вработени не повеќе од 1 година во компаниите и не постари од 35 години)
По формирање на групата на учесници, се изработија курикулуми за доквалификација на учесниците и тоа во две насоки: Во насока на самовработување преку обуки за започнување на сопствен бизнис, и во насока на вработување во компании преку обуки за доквалификација според потребите на индустријата во земјава.
Истите беа реализирани од страна на професори како и искусни менаџери кои се дел од партнерските организации. Идејата на овој иновативен образовен пристап е да им овозможи на учесниците академска и практична доквалификација со цел оптимално реализирање на нивниот потенцијал при нивно( само) вработување. Модулите се реализираа преку настава во училница, како и преку користење на ИКТ алатки / платформа која беше развиена за потребите на проектот.
Преку користењето на ИКТ платформата учесниците имаа можност да работат на заеднички проекти под надзор на македонски, словечки и италијански професори и практичари.
Во тек е третата и последна фаза на проектот, во која е направена кратка анализа и прирачник за практиките кои се применуваат во Македонија, Италија и Словенија во однос на практиканството, стражирањето и работа во сенка( job shadowing) со посебен осврт на меките вештини.
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 26