5
Како и секогаш, шармантната Миранда Кер ни дава вистинска лекција за тоа како да носиме романтични парчиња со тантела, додека долгоногата Џордан Дан е вистински професионалец кога станува збор за здолништата со висок струк во комбинација со лесните маички со супер натписи.
Омилената романтичарка Кејт Босфорт дефинитивно секогаш знае да ги одбере најубавите летни фризури, а кога станува збор за парчињата облека таа е секогаш непогрешлива!
Иако станува збор за поодминат тренд, парчињата во неонски бои можете да ги комбинирате и ова лето. Засега, усовршена во тоа е сестрата на популарната Бијонсе, Соланж која одличното летно издание го комбинира со летни сандали во јака жолта боја и изгледа тотално кул.
5