Magazine 4U Issue 3 August 2014 | Page 4

Со оглед на тоа што времето ова лето е тотално променливо и поголемиот дел исполнето со обилни дождови, добрите летни стајлинзи од некој топол крај секогаш се добредојдени. А доколку истите ги носат познатите светски ѕвезди, инспирацијата е уште поголема!

Во недостаток на мотивација, истата секогаш можете да ја најдете на омилениот Инстаграм на многу од светските трендсетерки кои постојано не изненадуваат со кул стајлинзи.

Она што не не изненади се големиот број на комбинации во кои е вклучен неизбежниот хит за ова лето, а тоа секако се кратките маички и голиот стомак. Дефинитивно, во голем број комбинации ова лето можеме да ги видиме и неодоливите и секогаш популарни старки кои девојките ширум светот ги комбинираат на различни начини.

Кога говориме за моќните цветни комбинации, дефинитивно на прво место е британската манекенка и трендсетерка Алекса Чанг која на њујоршкиот Veuve Clicquot Polo Classic се појави во неодоливо цветно фустанче со карнери.

Совршена инспирација: Светските ѕвезди со најубави летни стајлинзи

4