Magazine 4U Issue 2, July | Page 5

Дали модата е уметност

или само начин на облекување?

Нивото на креативност и слобода на изразување во модниот свет се големи. Потребно е многу време, труд, фантазија, знаење, креативност, визија, експресија и вештина да се направи нешто досега не видено, не направено. Да се предизвика восхит во модниот свет не е лесна задача.

Секој дизајнер кон својата креација се однесува како уметник кон своето дело. Свилата, тантелата или било која друга ткаенина претставуваат бело платно што допрва треба да се обои во визија, емоција… Според тоа, секоја креација е уметничко дело што во себе содржи порака што другите треба да ја видат и да ја интерпретираат на начин на кој што ја доживуваат. Толкувањето е индивидуално согледување и доживување.

5