Многумина сметаат дека модата претставува само начин на облекување, минлив тренд… Други пак сметаат дека е уметност.
Ако се погледне подобро и задлабочи, зад блескавиот сјај на модата и работата на дизајнерот, се крие сосема нов свет – ништо помалку значаен, ништо помалку инспиративен. Сепак, дали е уметност? Тоа прашање се наметнува уште од дамнина, а мислењата се поделени.
Врската помеѓу модата и уметноста постои одамна и постои на повеќе нивоа. Уметноста е инспирацијаза дизајнерите. Соработките помеѓу дизајнерите и уметниците не се реткост. Исто така, и креациите на дизајнерите може да се сметаат за нов уметнички производ.
4