Magazine 4U Issue 1 June | Page 11

11

3. Изострете ги сетилата

Научете да ги забележувате пријатните ароми, песната на птиците и чувството кога ветрот ќе ве погали на некое уабво место од каде што го гледате совршеното зајдисонце. Отворете се и набргу потоа ќе ги забележите плодовите од својата релаксираност.

4. Дозволете си да го искусите својот партнер во целост

Нормално е да ве зафати страв кога една иста личност ви станува најдобар пријател, љубовник, придружник... Токму затоа огромен број од луѓето што заминуваат на романтичен одмор, за брзо време се зафаќаат со телефонски повици, праќање електронска пошта, проверување на фејсбук профилот. На тој начин се обидуваат да ги разводенат улогите што ги има нивниот партнер. Ако сте навистина сигурни дека тој е вистинскиот партнер, не стравувајте туку препуштете се на искуството. Исклучете ги уредите за комуникација и уживајте во мигот.

5. Дозволете му на детето во вас да излезе на виделина

Сакајте го детето во вас и не дозволувајте никогаш да исчезне. Бидете креативни, игриви, на моменти дури и будалести. Заминувајте на мини авантури, истражувајте, прво мислете на забавата, а дури потоа на безбедноста и последиците. Којзнае, можеби тоа ќе ви се допадне?