Magazine 4U Issue 1 June | Page 10

5 совети за совршено и романтично лето

10

1. Сами сте одговорни за сопствената среќа

Иако ова не е ништо што треба да ве изненади, би се зачудиле ако дознаете колку луѓе тргнуваат на романтични патувања очекувајќи партнерот да ги направи среќни. Ако сакате да бидете среќни и пријатни за дружење, би било добра идеја да ги оставите критиките и пререкувањата дома. Човекот е способен да ги заборави лошите нешта доколку сака. Потребно е само да се фокусирате на позитивните нешта во опкружувањето или кај вашиот партнер.

2. Дозволете љубовта да ви навлезе во срцето

Кога сте исполнети со љубов, автоматски станувате попривлечни. Дали вие не би преферирале да се дружите со некој што постојано е позитивно настроен, особено ако тој некој е вашиот партнер? Тогаш водете со сопствениот пример.