Krste Petkov Misirkov 1 | Page 9

За Македонцките работи

Најважното пишано дело на Мисирков е несомнено книгата За Македонцките работи, објавена во 1903 година во Софија, во која тој ги утврди принципите на модерниот македонски јазик.Според оваа книга, македонскиот јазик треба да се заснова на дијалекти од централниот дел на Македонија како што се дијалектитге од Велес,Прилеп,Битола и Охрид. Тој исто така ги користи овие дијалекти во самата книга. Повеќето копии од книгата беа конфискувани и уништени од страна на бугарската полиција и ВМРО активистите, кратко време по објавувањето на истата. Во свое време книгата имаше мало или никакво влијание и не стана популарна се до средината на четирисееттите години. Мисирковите принципи одиграа клучна улога во идната кодификација на македонскиот јазик, веднаш по Втората светска војна.