Globe Magazine 3 3 | Page 5

Интервју со ДИРЕКТОРОТ НА С.О.У. „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар,

Кире Ристески

Од името на членовите на клубот по англиски јазик голема благодарност за времето што го одвоивте за нас. Се надеваме дека вашите идеи ќе се реализират што побрзо, бидејќи тоа е за доброто на сите.

Марија Неделковска, Викторија Трајчевска

5. Кој ви е најсреќниот момент во животот како директор?

- Кога ги гледам учениците пред се како училиштето го чувствуваат како свој дом, воедно и среќните лица на професорите поради тоа што се дел од ова училиште, пријатната атмосфера во училиштето, грижата на наставниот кадар за учениците и наставата, континуираното заедничко работење за подобрување на условите во училиштето, сето ова ме прави исклучително среќен.

6. Какви совети би им дале на вашите ученици и вработени?

- Учениците би ги советувал да стекнат знаења, вештини и квалитети кои ќе ги водат во она што значи постигнување во животот на сите полиња. Вработените, училиштето да го чувствуваат како свој втор дом и секогаш да бидат исполнети со позитивна енергија за да можат да дадат свој придонес во јакнењето на училишната клима и култура.

7. И за крај, дали оваа професија би им ја препорачале на младите луѓе денес?

- Зошто да не, ако нивните приоритети се напредување во кариерата.