Globe Magazine 3 3 | Page 4

1. Директоре, според Ваше мислење, што значи добро училиште?

- Под добро училиште подразбираме пред се квалитетна настава која се изведува од страна на стручни и компетенти кадри кои секако дека ги имаме. Исто така и целокупната организациона култура значи и добро училиште.

2. Според вашите критериуми, освен надворешните очигледни работи, колку е подобрено нашето училиште, како Вие го гледате истото?

- Во овој момент сметам дека нашето училиште постигнува задоволителни резултати на сите полиња што би значело дека ние како училиште нудиме квалитетна настава, па од тука и успесите што ги постигнуваме се резултат на тоа.

3. Дали сте задоволни од учениците во училиштето?

- Според структурата на ученици во она што значи постигнат успех, нашето училиште е едно од најдобрите во делот на воспитание на учениците, нивното однесување и постигнатите резултати

4. Дали очекувате промена во нашето училиште во наредните години?

- Нашето училиште со крупни чекори ќе оди напред во она што значи подобрување на условите за работа како и подигање на квалитетна настава во смисла на нагледни средства и инфраструктура.