Дано Горан
(Dušan Gorenčevski)
МОЛЧЕЊЕТО Е МОЈОТ ГОВОР
Ве лажат моите смрзнати усни и тврдиот прашнив језик
кој како да стоел во лингвистичка архива.
Го мразам мирувањето и затоа молчам.
Во него се слушам подобро себеси.
И кога стојам скаменет – јас не сум камен
и кога очите ми се слепечки стиснати –
јас гледам.
Не ги отварам очите – огнот би огорел ридишта.
Не говорам – реките би испариле.
Не идам – топлите ветрови би ги исушиле дождовите.
И тогаш би останал пак сам – со мирувањето.
Јас не гледам, не одам, не говорим –
огнот, ветрот и водата ги фрлам во себе –
врз мирувањето.
И додека скаменет молчам, не гледам и не одам
јас слушам громовна водопадна симфонија
и јавам пасати и молњи
и со фанфари га гонам мирувањето.
***
Ги познавам мразните сили на нокта
ледениот шепот на празнината
и подмолниот ропот на сомневањето.
Сум ги видел смрзнатите очи на самотноста
и шупливиот тунел на безумноста.
Сум јавал на метла и излевал низ оџак,
во пустош и вијулици сум пресретнувал патниши,
101