Јован Илиески
МИГОВИ САМОТИЈА
Во бела соба сум. Осамена, веќе недели. Луѓе не поминуваат, не ја
отвораат вратата. Одамна не сум видела лика на човек, да помине или
да влезе во таа бела соба. Јас, откако сум таму, ниту доктор не видов,
ниту некаква сестра во бела мантија - затоа што знаев дека сум во она
место каде што работаат докторите, но не ќе да е болница. Сестрите
што ги барав, не ги гледав затоа што чинам, нешто бело, прашинка или
лек, ми ставаа во водите што секое утро тмурно ги пиев, додека јас
спијам. Ми ставаа, за повторно да ме успијат. И кога ќе бев будна, се
колнам дека не бев будна. Сега го зјапам белиот ѕид. Знам дека е бел,
ама ми се мешаат бои. Велам, ми се мешаат виножита и ми се
исцртуваат на ѕидот. Гледам врати таму каде што се тие бели ѕидови.
Гледам стара женичка како лежи до креветот до мене, а таму - ни
кревет нема. Во устата чувствувам гадости и сакам да си ја исплукам
душата. Сакам да си ги повратам сите надежи вложени во сето она, кое
денес, наместо тоа, затворена сум во овој кафез и не знам зошто. Не
знам зошто - се додека не ми дојде свеста.
Рацете ми треперат. Гледам, плускавци се појавиле. Старата кожичка
истата ми е како пред тоа, ама ме боли. Ме боли до срце, особено
глуждот на ногичката. Не можам да станам од проклетиот железен
кревет - и сфаќам дека синџири ми се врзани околу глуждот. Црните
коси ми се измрсиле и вратот ми е навлажнет од тоа што не сум
потопена со вода со месеци. Имам горчина на образите и ме
притискаат порите кои се веројатно измачувани. За миг, се тешам дека
тоа е болницата во која треба да бидам и дека е само терапија, и
набрзо, терапијата ќе помине.
Ме боли целата снага. Ме стегаат мускулите разлабавени и не знам што
правам. Погледнувам на подот и гледам истурена чинија со стара
манџа. Ми се пријадува и ми се пригадува. Некои листови потпишани
со нечиј ракопис и кога го лизгам погледот на кај малиот прозорец,
гледам решетки, а низ решетките, големо пукнато поле, голема нива.
Ми треба минута да сфатам дека сум во средина на никаде. Со
ослободената нога која не е потечена и зацрвенета од синџирите, ја
62