Број 4, 2016
Љубљана
МК ТРИБУНАЛ
Честит 8-ми септември, среќен роденден, Македонијо!
СТУДЕНТCKИ АКТИВИСТИ НА ЗАВОДОТ “VIA MK”
Студентите во Љубљана почнаа со организација на студентски прашанја и одговори во вашиот град.
За таа прилика секој четврток од 18:00 до 20:00 во просториите на МКД Македонија - Љубљана, студенти
волонтери даваат информации на сите студенти за прашања како што се: уписи, престој во студентски дом,
Студентски бонови за прехрана итн.
Активностите по студентски
прашања ги водат:
Горан Дамчевски студент на
факултетот за психологија и
Антонио Тони Димитровски
магистрира на факултетот за
економија.
Заводот “VIA MK” при
организацијата на идеата
студентски прашанја и одговори
имаше потреба од простор.
Благодарение на “МКД
Македонија” од Љубљана секој
четврток просториата е во
функција на македонските
студенти.
ЗАПОЗНАЈ ГИ НАВИКИТЕ НА ЖИТЕЛИТЕ НА ЉУБЉАНА
За да ви биде полесно и позабавно во прекрасната Љубљана морате да се поврзите со локалците.
Запознајте нови луѓе и споделете ги вашите искуства со нив. Запознајте ги Љубљанчаните.