Трибунал | Page 3

3
Дворец од античко македонско време над Демир Капија

3

Дворец од античко македонско време над Демир Капија

Капитален проект на Владата на Република Македонија, Маркова Кула, да се продолжи и понатаму. Се открива дворец од античко македонско време над Демир Капија
Повеќе... ​Дворец од античко македонско време над Демир Капија
Професор доктор Виктор Лилчиќ, Адамс, директор на Управата за заштита на културното наследство на Македонија и неколку негови соработници, денеска го посетија местото и направија увид во археолошките работи со кои се открива дворец од античко македонско време над Демир Капија.
Марковата Кула која спаѓа во атарот на село Корешница, општина Демир Капија, доминантен рид што во минатото го држеле Пајонските владетели, што во раната антика го зазеле македонските кралеви.
„ Најдовме монети од времето на повеќе македонски кралеви, меѓу кои и на Аминта, таткото на Филип и дедо на Александар Македонски. Тука била изградена тврдина околу сто и педесет метри на околу седумдесет – осумдесет метри и изграден посебно репрезантивен внатрешен дворец од огромни камени блокови, ѕид три метри широк околу, со две северни правоаголни кули. Овој дворец во кој несомнено престојувале и македонските кралеви бил подигнат некаде во првата половина од четвртиот век пред новата ера. Овогодишното истражување на ова место се реализираат преку Археолошкиот музеј на Македонија( тимовите на директорот Весела Честоева) и тоа со основни методи на археологијата, површинско рекогносцирање и ископување“, нагласи Лилчиќ Адамс кој е и професор по археологија на Филозофскиот факултет.
„ Почетниот го финансира Управата за зашита на културно наследство преку археолошкиот музеј на Македонија. Со тоа што ќе биде истражувана површината на тврдината. Значи до сега во рамки на првиот спомнат проект под раководство на магистер Орданчо Петров се ископа севернозападната кула на дворецот и тука сега се запира, сега ќе се работи површински, а од наредната 2017 година археолошкиот музеј на Македонија на чело со директорката Весела Честоева ќе организира еден посебен макро проект за реконструкција и осветлување на овој македонски владетелски дворец и подигање на јарбол со македонското знаме“, додаде Лилчиќ Адамс.
Истражувањето на Маркова кула­Корешница е капитален проект на Владата на РМ, кој во координација на Управата за заштита на културното наследатво се реализира од НУ Археолошки музеј на РМ. Раководител на проектот е м­р Орданче Петров од Институтот за старословенска култура од Прилеп.