4
Охридскиот режисер и продуцент Даниел Јовески освои престижна награда
во Албанија
Повеќе...Ноќ на музичките видеа 2016 Тирана
*****************************************************************
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ АТРАКТИВЕН ЗА МЛАДИТЕ, СЕ
ПРИЈАВИЛЕ 680 КАНДИДАТИ
Филозофскиот факултет од Скопје, во првиот уписен рок имал 680 кандидати, што значи дека покрај
Економскиот од општествените науки и за овој факултет има голем интерес кај младите. Деканот
Горан Ајдински не информираше дека се пријавиле кандидати со одличен успех, посебно на насоките
за кои има најголем интерес.
Традиционално, голема заинтересираност има за Институтите по Психологија, Безбедност одбрана и мир,
Социјална работа и Дефектологија. Годинава имаме пријавено повеќе кандидати за разлика од лани, што
многу ме радува и покажува дека младите знаат да препознаат квалитетни студии. За некои нaсоки, квотите
ќе ги исполниме уште во првиот рок, а секако дека ќе има место на некои Институти за студенти и во
вториот и во третиот уписен рок вели Ајдински.
Денеска завршува првиот уписен рок на УКИМ. Покрај Филозофски и Економски факултет, голем интерес
за упис има и на Медицинскиот факултет, а во последните години расте интересот и за студирање на
технички науки.
*****************************************************************Ве
сникот го уредива студентска иницијатива во склоп на заводот "Via MK" како непрофитno друштво.
Дел од текстот и сликите се дело на студенстски волонтери, доколку наидете на граматички грешки се
извинуваме и благодариме за вашето разбирање.
*****************************************************************