2
" Балкански магнетикум " од Димитар Мирчев Преведен на словеначки и спремен за прва промоција на ФАКУЛТЕТОТ ЗА ДРУЖБЕНЕ ВЕДЕ
Претседателот на Словенија Борут Паџор како домаќин на Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов и на Др. Димитар Мирчев Студијата „ Балканскиот мегаетникум. Националните доктрини на македонските соседи“ на Димитар Мирчев е издадена во Торонто, Канада, во превод и уредување на Ристо Стефов и неговата издавачка куќа „ РС Пабликејшнс“. Истовремено во Австралија е објавено и електронско издание на Политекон Пабликејшнс( www. pollitecon. com). Книгата беше издадена во Македонија во 2013 година од страна на ВИГ Зеница и предизвика внимание во научната, стручна и поширока јавност. Тиражот и беше речиси исцрпен. Во неа се објаснуваат, многу документирано, систематизирано и теорискокритички, политиките на македонските соседи во регионот, но и аспирациите кон Македонија. Освен во Канада и Австралија, книгата на Мирчев предизвика интерес и во околните земји, така што наскоро се очекува нејзино објавување и во Белград на српски јазик и во Љубљана на словенечки. Повеќе... Претставено словенечкото издание на „ Балкански мегаетникум“ на Димитар Мирчев Ве покануваме на промоција во Факултетот за дружбене веде, Кардељева плошчад 5. Љубљана во Четврток, 2. Јуни 2016 во 17:00
С К О П Ј Е К Р Е А Т И В А 2 0 1 6
Повеќе... СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2016
Последниот и највозбудлив ден на Скопје Креатива донесе уште по величествени гости и незаборавни моменти. Утрото во 10 часот Фестивалот го отворија работилниците за деца, а веднаш потоа со свои работилници продолжија гостите од страна, најпрво Ана Лишч од Полска, Хајдулф Гернгрос од Австрија, но свои презентации имаа и нашите истакнати, Вера Христова со Македонски орнаменти, Урбанолд