Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 65
Модул 3
Power point презентација
сексуалните работници
Бр.2:
Прекршување
на
човековите
права
на
Изработете Power Point презентација во која ќе ги вклучите клучните компоненти
опишани погоре во Модул 3, а кои се однесуваат на прекршување на човековите
права на сексуалните работници.
В реметраење:
45 минути, вклучувајќи го и делот за дискусија по
завршување на презентацијата.
П отребни материјали: лаптоп, проектор, нотеси или тефтери за учесниците,
пенкала
Вежба Бр.2: Мапирање на случаи на прекршувања на човековите права во
контекст на учесниците
В реметраење: 60 минути
П отребни материјали: претходно подготвен материјал за вежби, пенкала,
флип чарт табла, стикери
Групирајте ги учесниците во помали групи и поделете им го претходно подготвениот
материјал за оваа вежба (Види прилог 6: 3 примери за случаи на прекршување на
човекови права на сексуалните работници). Назначете или побарајте волонтер во
секоја група да ја води дискусијата откако заедно ќе поминат низ дадената вежба.
Објаснете ја вежбата во секоја од групите. Тие ќе треба детално да го прочитаат
дадениот пример за случај на прекршување на човекови права на сексуалните
работници и да одговорат на трите прашања поврзани со истиот. Откако учесниците
ќе завршат со групните дискусии, може да ја продолжите дискусијата заедно со сите
учесници во насока на креирање на кратка порака за застапување до клучните
засегнати страни. Пораките може да се запишат на стикери и да се залепат на флип
чарт за сите учесници да можат да ги разгледаат.
63