Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 45
Модул 2
9. Модул 2: ХИВ превенција, тестирање, третман и поддршка
Х ИВ
(HIV – Human Immunodeficiency Virus) е вирус кој предизвикува
имунодефициенција кај човекот. Присуството на ХИВ вирусот во човечкиот
организам доведува до уништување на одбрамбената способност (имунитетот),
поради што организмот станува неспособен да се брани од различни болести и
инфекции. СИДА (Acquired Immunodeficiency Syndrome) е синдром на стекната
имунодефициенција. СИДА претставува хронична заразна болест која се
карактеризира со постепено намалување на отпорноста на организмот кон
инфекции и е предизвикана од ХИВ вирусот. ХИВ се пренесува на три начини:
незаштитен сексуален однос (без употреба на кондом), преку крвен пат, вертикален
начин – од мајка на новороденче. Во следниве телесни течности кои содржат ХИВ во
доволна количина може да се пренесе вирусот: крв, семена течност (спрема),
претсемена течност, вагинален секрет и мајчино млеко.
Денес, на глобално ниво, со ХИВ живеат околу 34 милиони луѓе, а тоа се 17 проценти
повеќе од пред 10 години. Бројот на новоинфицирани лица со ХИВ на крајот од 2010
година изнесува околу 2,7 милиони лица, што е за 21 проценти помалку во споредба
со 1997 година, кога е регистриран најголемиот број на нови инфекции.
Во РС Македонија, во периодот 1987 – 2010 година се регистрирани 134 лица кои
живеат со ХИВ. Во последните 5 години се регистрирани вкупно 66 лица кои живеат
со ХИВ, односно 49,3% од вкупниот број регистрирани случаи во нашата држава.
Според истражувањата спроведени на територијата на РС Македонија, особено од
страна на граѓанските организации се укажува на постоење ризик во однос на СПИ и
ХИВ/СИДА кај сексуалните работници. Поради фактот што голем број сексуални
работници и покрај развиената свест за користење на контрацептивни средства, се
уште постојат случаи на присилување за давање сексуални услуги без користење
заштита од страна на нивните клиенти. Ова ризично однесување најчесто
произлегува од немоќноста на сексуалните работници да преговараат со
сексуалните партнери за практикување безбеден секс, или пак плаќање повисока
сума пари за секс без кондом или практикување на секс без кондом поради физичко
насилство од страна на клиентот. Сексуалните работници истовремено може да
имаат и свои постојани партнери или брачни партнери со кои не практикуваат
заштитен секс. И покрај постоењето и функционирањето на превентивните
програми за здравје, сеуште постои ниска свест кај сексуалните работници кои се
вклучуваат во сексуалната работа. При тоа, потребно е да се зголеми нивната
информираност и познавањата кај оваа маргинализирана група и подгрупите (лица
кои инјектираат дрога, МСМ – мажи кои имаат секс со мажи, трансродовите лица и
лица кои даваат сексуални услуги, но не се идентификуваат како сексуални
работници) за СРЗП и ХИВ/СИДА.
Статистичките податоци покажаа дека ХИВ преваленцата кај сексуалните работници
е ниска, но според начинот на пренесување на ХИВ вирусот, кај МСМ популацијата е
поголем процентот на лица инфицирани со ХИВ. Според последната евиденција на
Институтот за јавно здравје во Република Северна Макеоднија, бројот на мажите е
двојно поголем од бројот на жените кои живеат со ХИВ, со што се заклучува дека
43