Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | страница 21

5. Како може да се употребува тренинг модулот? Овој прирачник за обука е креиран за поддршка на поединечни сексуални работници, колективи сексуални работници и граѓански организации кои ги застапуваат правата на сексуалните работници во организирање на обуки наменети за заедницата. Прирачникот може да се користи како алатка за организирање јавни настани и кампањи за застапување, како и за изготвување агенди за работилници, едукативни работилници и тренинзи за подигнување на свеста кај медицинскиот персонал, давателите на услуги, правниците, социјалните работници и сите заинтересирани за проширување на нивното знаење во врска со правата на сексуалните работници и нивното здравје. Тренинг модулот е дизајниран за адресирање на прашања поврзани со сексуална работа, ХИВ и човекови права, меѓутоа користењето на овој прирачник може да биде флексибилно и може да се адаптира на потребите, условите и времето на обучувачите како и на учесниците. Најчеста потребна опрема за реализирање на обука: флип чарт табла, лаптоп, проектор, хартија од А4 формат, нотеси, стикери, папки, пенкала и маркери. 19