Тренинг Модул за сексуална работа, ХИВ и човекови права Тренинг модул за сексуална работа ХИВ и човекови п | Page 19
Слика бр.8: Работилница за организирање јавни кампањи и настани (од архивата на СТАР-СТАР)
–
Работилница за консултативна средба со сексуални работници за
преглед на Планот за застапување 2018/2019, одржана на 03.10.2018 во
Гостивар, со учество на 8 сексуални работници.
–
Работилница за консултативна средба со сексуални работници за
преглед на Планот за застапување 2018/2019, одржана на 05.10.2018 во
Струмица, со учество на 7 сексуални работници.
–
Тренинг за воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со трансродови
сексуални работници, одржан на 29.10.2018 во Гостивар, со учество на 8
трансродови сексуални работници.
–
Тренинг за воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со трансродови
сексуални работници, одржан на 30.10.2018 во Струмица, со учество на 8
трансродови сексуални работници.
Сите тренинзи, обуки и работилници наведени погоре, кои се реализирани од страна
на СТАР-СТАР, а со цел едукација на сексуалните работници за прашања и проблеми
кои ги засега ова маргинализирана заедница, ни овозможи да ја формираме
содржината на Тренинг модулот за сексуална работа, ХИВ и човекови права. Овој
прирачник се одразува на сите научени лекции, искуства и предлози дадени од
самите учесници на обуките. Овој прирачник за обука е резултат на колективните
напори и не би бил возможен без вклучување на сексуалните работници и
активистите во заедницата.
17