Информатор на општина Новаци 45 | Page 10

Јован Боглев од Битола го фати светиот крст во црквата Св.Атанасиј за Водици Јован Боглев од Битола го фати светиот крст кој за големиот христијански празник Богојавление Водици се фрлаше во осветените води во базенот во црквата Св.Атанасиј.Од дваесеттмината кои учествуваа во оваа верска традиција најсреќен беше Боглев кој прв пат имал успех. „Многу сум среќен што го фатив светиот крст и на сите им посакувам многу здравје, среќа и бериќет. Да е за многу години празникот. “ рече Боглев. И оваа година како и секоја градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски застана зад организацијата и одбележувањето на Водици. „Денес е голем ден за христијанскиот народ,Богојавление Водици ,празник со вековна традиција. Како и секоја година така и оваа го прославуваме овој ден.Ме радува масовноста и посетеноста од жителите, посебно на младите.Во Новаци фрлањето на крстот го организираме со црквата Св.Атанасиј во селото но традицијата се продолжува уште во 10тина села во општина Новаци.Општината за сите среќници обезбеди паричен ваучер“ рече градоначалникот Котевски. Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. На овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски пр