Информатор на општина Новаци 44 | Page 20

Новогодишна претстава во Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци Со приредба за Нова година и Божик денеска беше означен стартот на Новогодишните и Божиќните празнувања за дечињата од Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци. „ Секоја година сум гостин на новогодишната приредба на дечињата во игротеката Бамби во Новаци и ме радува што можам да забележам дека бројот на деца кои доаѓаат тука од година во година се повеќе расте. Ние како локална самоуправа секогаш ги поддржуваме и ќе продолжиме во тоа .Започнавме и постапка за прераснување на игротеката во градинка .Секоја година општината им доделува пригодни пакетчиња на сите дечиња , а минатата недела за нив во општината беше изведена новогодишна претстава“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Вакви новогодишни приредби се закажани за понеделник и во останатите 4 центри за ран детски развој во селата : Агларци, Добромири, Живојно и Далбеговци кои се дел од шестмесечниот проект на општина Новаци во партнерство на УНДП , Агенцијата за вработување и МТСП на РМ. в Како и секоја година така и оваа ,општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски обезбедиј B