Присутните имаа
можност да ги дадат
своите идеи на
поставениот штанд
пред општина
Новаци.На
трибината во
Новаци, можеа да
се чујат повеќе идеи
за
инфраструктурни ,
комунални и други
зафати.
„ Сакам да упатам
голема
благодарност до
Владата и
вицепремиерот за
реализацијата на ветениот проект реконструкција на патот Новаци –Клепач кој беше
ветен пред 2 години а пред 1 месец ветеното е реализирано. Прашав дали постои
можност да се реши проблемот околу автобускиот превоз на меѓуградската линија кој ги
поврзува селата од општина Новаци. “ рече Вецко Марковски, жител на Долно Агларци.
„ Сакам да искажам голема благодарност до Владата на РМ за целосната поддршка и
помош која ни беше дадена за време на поплавите кои ја зафатија општина Новаци а
беа од големи размери и предизвикаа
големи штети врз земјоделсите
посеви и индивидуалните објекти.
Прашав како може да се решат
проблемите кои ги имаат дел од
земјоделците при реализација на
проектите за користење на мерките од
програмата за рурален развој. “ рече
Пецо Ристевски,жител на с.Новаци.
ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 10 години
практикува во центарот на
политичкото дејствување да ја става
довербата на граѓаните а тоа значи
одлуките за сите важни прашања да ги носат тие, затоа што граѓаните најдобро ги знаат
проблемите но најдобро ги знаат и решенијата.
ВМРО-ДПМНЕ има формирано тим од домашни и од странски стручни лица кои работат
на предизборната програма и кои внимателно ќе ги анализираат прибраните идеи од
граѓаните. Сите нови идеи на државно и на локално ниво ќе бидат разгледани, а
партијата преку ваквите трибини низ сите населени места во државатапланира до крајот
на годинава да ја заокружи програмата на ВМРО-ДПМНЕ за периодот од 2016 до 2020
година.
4