Продолжува изградбата на канали за атмосферска вода во селата Бач, Гермијан ,
Горно и Долно Агларци и Далбеговци
Во тек се
градежните
работи околу
изградба на
канали за
атмосферска
вода во селата
Бач, Гермијан,
Горно , Долно
Агларци и
Далбеговци.
Вкупната
должина на
каналската
мрежа која е
предмет на
изградба во сите
4 села изнесува
околу метри 2000 метри.
„ Атмосферска канализација во
с.Гермијан изнесува 210 метри а во
с. Бач 240 метри. Тендерот за
изградба го има добиено Скипи
Дооел а вредноста изнесува 1. 030.
404 денари. За дел од атмосферска
канализација во с. Горно Агларци за
крак 1 со должина од 320 метри и
Долно Агларци со должина од 350
метри склучен е договор со Мак
Строј на вредност од 1.366.488
денари. За дел од атмосферска
канализација во с. Далбеговци за
крак 0 со должина од 550 метри
избран е изведувачот Мак Строј
Битола со вредност 1,373,945
денари.“ рече Лазар Котевски,
градоначалник на општина Новаци.
Општина Новаци редовно вложува
средства од својот буџет за
доизградба и уредување како и
чистење на каналската мрежа на
нејзина територија.
9