Со концерт на македонската група „Фонтана“ , Ефто Пупиновски и Анастасија
Петреска заврши Културно лето Новаци 2015
Во дворот на
преубавиот
манастир
Рожденство на
Пресвета
Богородица
синоќа со
прекрасен
концерт на
народна музика
на кој настапија
Ефто
Пупиновски и
Анастасија
Петреска
придружувани од
реномираната
група Фонтана
свечено беше
затворено Културно лето Новаци 2015.
„Навистина прекрасен настан кој што е многу посетен. Концертот на групата Фонтана,
песните на Ефто Пупиновски и Анастасија Петреска навистина придонесоа за убаво
расположение на сите присутни и сметам дека ова е пригоден настан за затварање на
овогодинешното
издание на
Културно лето
Новаци 2015. Како и
минатите две
години така и оваа
Топол културен
бран е
манифестација која
ја организира
Културно
иновативниот клуб
Новаци .Ние како
општина ќе
продолжиме да ги
поддржуваме и
помагаме ваквите
културни
манифестации.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.
Генерален покровител на Културно лето Новаци 2015 е општина Новаци и
градоначалникот Лазар Котевски, додека дел од настаните беа поддржани и од
Министерство за култура на РМ.
6