Ќе се чисти река Црна во должина од 30 км
Координативното тело за чистење
на река Црна составено од
претставници на општините
Новаци, Могила, Битола и Прилеп
како и водостопанските
претпријатија на овие општини
постојано се во контакт со МЗШВ
и ДЗС во врска со акцијата која
деновиве треба да
започне .Градоначалникот на
општина Новаци, Лазар Котевски
е назначен за главен координатор
на акциониот план на Владата
каде се предвидени активности за
темелно расчистување на
коритото на Црна.
„Ова е превентивно чистење од вегетација и поправка односно враќање во првобитна
состојба на разрушените насипи на река Црна и Елешка како и на 5-ти,9-ти и 10-ти канал.
Aкцијата ќе опфаќа вкупно 30 км речно корито односно 20 км од Прилеп до Битола и уште
10 км до с.Брод т.е по 10 км во секоја
од општините:Новаци, Могила и
Прилеп. Планирано е машинско
чистење на речните корита од висока и
ниска вегетација и нивно депонирање,
машинско разастирање на ископаниот
материјал со оформување на насипи,
сечење и извлекување на дрвја, довоз
на земја 3-та категорија за насипот и
сл. “ вели Лазар Котевски,
градоначалник на општина Новаци.
Оваа акција ја најави и заменик
министерот за земјоделство,
шумарство и водостопанство на РМ,
Ванчо Костадиновски.
-Тоа предвидува 20 километри
чистење на Црна Река од Прилеп до Битола, Владата донесе Акционен план за темелно
чистење, а се однесува за превентивна заштита од наредната сезона, изјави Ванчо
Костадиновски, заменик министер за земјоделие.
Костадиновски рече дека со партнери до ЕУ и УНДП е договорено план и програма за
санација на оштетените објекти и повторна изградба на оние кои се срушени.
-Тој план ќе се реализира на крајот на септември, предвидува целосна регулација, но и
изработка на студија, во износ од 2 милиони евра, изјави Костадиновски.Во меѓувреме ќе
се реализира се она што е предвидено со акциониот план.
-Ќе се реализира со средства од Владата и од општините, во вредност од 1 милион евра,
рече тој.Костадиновски рече дека се очекува студијата од УНДП да биде готова на крајот
на октомври.
3