Патувачкиот новинарски семинар „По стапките на Албер Лондр“ во општина Новаци
Од 1 до 15 август во Македонија се
реализира патувачки новинарски
семинар „По стапките на Албер
Лондр“. Под менторство на 6 познати
француски новинари, 12 млади
новинари од Франција и Балканот ќе
патуваат во Македонија и Албанија,
ќе истражуваат и ќе пишуваат за
трагите од Првата светска војна.
Овие млади новинари „ги следат
стапките“ на познатиот француски
новинар и патеписец, Алберт Лондр.
Пред 100 години, токму Албер Лондр
пишувал за ситуацијата во Македонија
за време на Првата светска војна. Меѓу
многуте локации младите новинари ја
посетија и општина Новаци и познатата
Кота 1050 како и неколку места каде се
водеше т.н Солунски фронт.
Општина Новаци во партнерство со
Пегаз ЕДУ, АЛДА и Регионот Долна
Нормандија спроведува проект за „
Валоризација на културното наследство
од Прва светска војна на територијата
на Општина Новаци“.
Проектот „По стапките на Албер Лондр“ се одржува по четврти пат на различни теми: во
2012 година младите новинари го истражуваа животот на младите на Балканот додека пак
во 2013 година известуваа од Тур де Франс. Проектот е инспириран од патеписите на
Албер Лондр. Овој познат француски новинар е еден од основоположниците на
истражувачкото
новинарство
на
почетокот на 20 век. Познат е по
репортажите од целиот свет, Бразил,
Камбоџа, Африка. Во Македонија
престојувал неколку години за време
на Првата светска војна. Позната е
неговата книга „Комитите“ во која ја
опшува желбата на Македонците за
независна држава.
Проектот е координиран од страна на
организацијата „По стапките на Албер
Лондр“ во соработка со Асоцијацијата
на агенции за локална демократија
(АЛДА) – Скопје. Овој проект се реализира во рамките на програмата за децентрализирана
соработка Долна Нормандија – Македнија и мрежата на француски локални власти кои
соработуваат со Балканот, Франција – Балкан.
11