Легализирани осум бесправно изградени објекти во општина Новаци
Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски додели осум решенија за
легализирање на бесправно изградени објекти .
„Досега во општина Новаци поднесени се вкупно 886 барања за легализација на
дивоградби. Од нив
решени се вкупно 105
барања за легализација
на објекти.Во постапка на
решавање со поднесени
елаборати се 75
поднесоци а останатите
немаат доставено
геодетски елаборат.
Доколку предметите
сакаат да бидат решени
жиителите треба тоа да
го сторат до крајот на
годинава. Вкупниот број
на донесени заклучоци за
запирање на постапката
за легализација на
бесправно изградени објекти изнесува 706.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на
општина Новаци.
Процесот за легализација на бесправно изградените објекти продолжува да тече
континуирано.
5