Општина Новаци со серија активности на чистење и бетонирање на каналскиот
систем
Општина
Новаци како
и секоја
година така
и оваа
продолжува
со
активностите
околу
чистење на
канлскиот
систем на
нејзина
територија,
доградување, реконструкција и бетонирање на нови но и постоечки канали и брани.
„Оваа година 8 милиони денари од Фондот за фосилни горива планираме да ги
искористиме за чистење на канали во Општина Новаци во должина од 11 километри.Исто
така ќе се гради порој во Гермијан а ќе се
бетонираат канали за атмосферска
канализација во Агларци, Гермијан, Бач и
Добромири. Планираме и да се бетонира и
10-тиот канал онаму каде досега тоа не е
направено.“ рече градоначалникот на
Општина Новаци, Лазар Котевски.
Исто така во летниот период ќе се
добетонира каналот во Долно Агларци кој
проект ќе не чини 2.600.000 денари а
средствата ги обезбедува Центарот за
развој на пелагонискиот плански регион.
Паралелно со овие активности
продолжуваме со чистењена дивите
депонии како и со монтажа и демонтажа на
брани за наводнување.
5