Започна пролетната дератизација во општина Новаци
Започна пролетната систематска
превентивна дератизација на
канализациониот систем, јавната
депонија Мегленци, дивите депонии
и ѓубришта и останатите критични
точки кои можат да ја нарушат
хигиенско-епидемиолошката
состојба во Општина Новаци.
„Ја започнавме дератизацијата со
цел општа превентивна
противепидемиска мерка за
спречување на појава и
пренесување на заразни болести од глодари, активност која е уште понеопходна да се
спроведе заради поплавите кои не зафатија во месец февруари. Дератизацијата ќе се
спроведува со висечки и статички парафиски блокови од по 50 грама. По завршувањето на
дератизацијата ќе се спроведе дезинсекција и тоа во две фази а може да започне и со
вонредно прскање. “ рече Лазар
Котевски,градоначалник на
општина Новаци.
Со дератизацијата во општина
Новаци ќе бидат опфтаени околу
90 шахти од подземниот
канализационен систем, 25
шахти на сите јавни објекти и
згради односно на прифатниот
канализационен систем на
инфестирани објекти од јавен
посебен интерес, дератизација
на јавната депонија Мегленци и
слично. Дератизацијата ќе се спроведува во две фази: пролетна со која ќе бидат
опфатени 115 шахти и есенска со опфат како и претходна FB