Општина Новаци отвора пет игротеки преку проектот „Растеме и учиме заедно 2“
Општина Новаци
продолжува со
реализација на
проектот „Растеме
и учиме заедно 2“
од програмата за
општинско корисна
работа, во чии
рамки ќе бидат
времено
ангажирани пет
едукатори и еден
дефектолог кои ќе
работат во
постоечките и
новоотворените
Центри за ран
детски развој во
Добромири,Далбеговци и Живојно додека во Агларци и Гермијан децата ќе бидат
згрижени во подвижен центар наменет и адаптиран за работа за деца од претшкослка
возраст.
„Од 1 јуни 2015 година, Општина Новаци продолжува со реализација на проектот
„Растеме и учиме заедно 2 “ .Ова е проект кој го финансира општина Новаци заедно со
УНДП,АВРМ и МТСП. Минатат година проектот опфаќаше отворање на игротеки во три
села и тоа :Добромири, Горно Агларци и Живојно. А сега се проширува уште на две села
Гермиајн и Далбеговци. Новина годинава е што за прв пат ќе биде ангажиран и
дефектолог кој ќе работи со децата кои имаат потешкотии во говорот. Заинтересираноста
кај родителите е многу голема затоа што значи социјализација за децата од руралните
средини заедничко дружење и учење.Општина Новаци ќе продолжи и понатаму со
поддржување на ваквите проекти. “ рече градоначалникот Лазар Котевски.
Преку имплементацијата на овој проект ќе се отворат Центри за ран детски развој во пет
рурални средини во општина Новаци а тоа ќе значи и времено вработување на 6 лица од
кои пет едукатори и еден дефектолог.
Општина Новаци трет пат реализира проект од програмата општинско корисна
работа.Ппретходно успешно го имплементираше шест месечниот проект за неформално
образование на жените албанки и нивно изучување на македонскиот јазик а потоа
проектот „Растеме и учиме заедно 1“.
3