Информатор на општина Новаци 36 | Page 6

6. Исто така во завршна фаза е и изградбата на тениското игралиште со пратечки содржини за фудбал,одбојка,ракомет и детски играчки ) во с. Добромири. Станува збор за модерен, осветлен спортски комплекс по сите европски стандарди со трибини кој чини околу 3,5 милиони денари а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Новаци. Општина Новаци е една од ретките општини поточно единствена рурална општина која гради ваков објект. Веднаш до игралиштето според проектот планирано е да биде направено и партерно уредување со детски забавен парк со реквизити. Многу сме задоволни од овој проект и горди сме што општина Новаци ќе има вакво тениско игралиште каде постои голем интерес за развој на овој спорт. Во придобивките на партерното уредување и тениското игралиште ќе уживаат околу 500 жители на село Добромири и околните села 7.Општина Новаци е дел од меѓуопштинскиот проект на Новаци, Битола и Могила за спроведување на паарно греење од РЕК Битола. Физибилити студијата и проектите се веќе изработени, а до крајот на годината се очекува да започнат и градежните работи. Со овој проект покрај што ќе се овозможи загревање на домовите, станбените згради и стопанските објекти на овие три општини, топловодот ќе поминува низ многу плодното пелагониско земјиште што ќе овозможи развој на оранжериското производство на раноградинарски култури. Ова се само дел од проектите кои се во завршна или во почетна фаза а има уште многу други кои не се споменати. Јас како прв човек на општина Новаци и понатаму ќе работам за подобрување на инфраструктурата се со цел да им го подобрам квалитетот на живот на месното население. Како и досега така и понатаму ќе се залагам и ќе работам на раст, развој, и просперитет на општина Новаци. Општината постојано вложува средства во обнова на црквите и манастирите со кои изобилуваме. Веќе е изградена капелата во с Гермијан додека денес ќе ставаме камен темелник за капела во с. Новаци. Ова се само дел од активностите и проектите кои тековно се извршуваат. 6