Информатор на општина Новаци 33 | Page 8

ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци подготвено за старт на второто полугодие Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски одржа состанок со директорката на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци Ана К.Велјановска на кој беа присутни сите вработени и наставничкиот колегиум од централното и осумте подрачни училишта од Бач, Гермијан, Живојно, Далбеговци, Добромири, Рапеш, Рибарци и Горно Агларци . На состанокот се сумираше реализираното во прво полугодие но и се дискутираше за старотот на второто полугодие и тоа што треба да се исполни до крајот на учебната 2014/15 година. „Ова е еден од состаноците кои редовно ги практикуваме пред почетокот на секоја учебна година како и пред почетокот на секое второ полугодие со цел да направиме пресек на сето што е досега реализирано како и тоа што треба да се направи до крајот на учебната година. Се разбира се дискутира и за евентуални проблеми во функционирањето ,набавка на греење во централното училиште и 8-те подрачни училишта, се слушаат предлозите на наставниците и