Информатор на општина Новаци 32 | Page 7

Со финансиска стимулација за свадба и новородено се зголемува наталитетот во Новаци Со цел да ги стимулира младите да склучуваат бракови градоначалникот на општина Новаци веќе извесно време на младите брачни парови им дава финансиска стимулација во износ од 30 000 денари а од 2008 година па наваму за секое новородено дете парична стимулација од 5000 денари . Веќе извесен период наталитетот во Општина Новаци оди во нагорна линија, вели градоначалникот Котевски. Тој е задоволен од бројката на склучени бракови и новородени деца во оваа општина која долго време се бореше да го задржи населението да не се иселува. „ Со цел да го спречиме иселувањето од Новаци особено во Мариово, како и да ги стимулираме младите да стапат во брак ,Советот на општина Новаци на мој предлог донесе одлука секоја млада брачна двојка што ќе реши да стапи во брак да се субвенционира со по 500 евра во денарска притивредност за покривање на свадбените трошоци.Воедно ние како општина на сите млади брачни парови за секое новороденче им даваме по 5000 денари и тоа го правиме од 2008 година па наваму.“ вели градоначалникот Котевски. Токму како резултат на зголемениот број на ваквите склучени бракови, се зголеми и бројот на деца, што резултираше и со отворање на училишта во села каде подолго време немаше детски џагор а годинава за прв пат по долги години се запишаа 38 првооделенци. Во општина Новаци во 2013 година се родиле 30 новороденчиња за што биле исплатени 145 000 денари финансиска помош, 24 во 2012 година, 27 во 2011 а 26 во 201о година 7