Информатор на општина Новаци 32 | Page 12

Општина Алмопиа домаќин на четвртиот координативен состанок за проектот „Жива историја,жива природа“ Пред самиот финиш од имплементацијата на ИПА проектот „ Жива историја,жива природа“ во кој општина Новаци за партнер ја има грчката општина Алмопиа се одржа четвртиот координативен состанок во Аридеа. По верификацијата на кворумот на состанокот добредојде и успешна работа на сите присутни им посака градоначалникот Димитрис Бинос кој ја посочи важноста на ваквите партнерски активности како и заштитата на културно, историското и природното богатство на двата региони. Игорче Ристески од општина Новаци уште еднаш ја нагласи одличната соработка помеѓу партнерите која е клучна при имплементацијата на прекуграничните проекти и воедно ги покани домаќините на завршната конференција која е закажана за 16 декември со почеток во 12 часот во Новаци. Научниот соработник Никос Тсимас ги презентираше досегашните но и идните активности на Алмопиа односно обележување и дизајнирање на историските и природните патеки како и поставувањето на патоказите и знаците.Оваа активност е завршена кај водечкиот партнер општина Новаци кои проектот ќе го финишираат до 25 декември годинава, додека грчките партнери на нивно барање го пролонгираа рокот до 25 април 2015 година. На кооординативниот состанок беше презентирана и дигиталната изложба на уметничката програма која се одржа во двете земји, а содржи многу интересни и иновативни карактеристики и истата ќе биде аплодирана на интернет и достапна до сите заинтересирани. Состанокот заврши со дискусија за продолжението на проектот „Жива историја,жива природа“ 2, претстојните активности и резултатите кои ќе произлезат од неговата имплементација. 12