Информатор на општина Новаци 31 | Page 9

Се одржа втората буџетска форумска сесија во општина Новаци Се одржа втората од вкупно шестте форумски сесии за Буџетскиот форум во општина Новаци, која беше посветена на приходите и можноста за зголемување на општинскиот буџет. До крајот на оваа година ќе се одржат уште три сесии со цел и граѓаните со свои предлози да се вклучат во креирањето на буџетската политика на општина Новаци за 2015 година. „Идејата е да се слушнат желбите и потребите на граѓаните на општина Новаци и дел од предлозите за кои има можност да се реализираат ќе бидат зем ени во предвид и испланирани во буџетот за 2015 година изјави Катерина Чукалевска – координатор на програмата“. На сесијата присутните граѓани се информираа со приходите и расходите кои се составен дел на еден буџет,како истите се реализираат и планираат. „Денеска ги презентираме приходите од буџетот и ги разгледуваме можностите на што може да се потрошат планираните средства и како тоа било направено претходната година подетално,аналитички“ вели Оливера Димитровска- раководител на одделение за финансии во општина Новаци. На сесијата стана жителите на општина Новаци дадоа доста конструктивни предлози како да се зголемат приходите на општината за 2015 година и на што да се потрошат тие дополнителни средства. „На сесијата произлегоа интересни предлози како : игротеката да прерасне воградинка, за системот за наводнување, да се отвори канцеларија за консултативна менаџерска куќа, фабрика за конфекција и др. “ вели Ми