Информатор на општина Новаци 30 | Page 8

Триесеттина точки на дневен ред на 23 тата седница на Советот на општина Новаци На редовната седница на Советот на општина Новаци во месец септември се најдоа триесеттина точки на дневен ред. На почетокот советниците ја усвоија Програмата за работа на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ за учебната 2014/2015 година како и бројот на ученици и формирањето на паралелки, донесоа предлог за одобрување на ЛУПД за изградба на инфраструктурен комплекс со намена Е3 рециклажа, третман и складирање на отпад.Усвоени се барањата од Здружение на граѓани „Буфче“ за изработка на проект за реконструкција на канал за наводнување во с.Зовиќ,од ЦО на с.Груништа за реконструкција на манастирот Св.Петка и дозиградба и внатрешна реконструкција на храм Св.Никола с.Брод.Исто така беа одобрени и градежни материјали за потребите на црквата Св.Петка во с.Рапеш.Советот на општина Новаци донесе одлука за краткорочно задолжување на општината,разреши и именува нови челнови на Комисијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди,предлог одлука за утврдување на услови и начини за градење во с.Брод и с.Зовиќ каде нема урбанистички план.Советниците одобрија 500 литри нафта за санација на патот до манастриот Св.Димитрија Трново на Здружението за поттикнување на одржлив развој во с.Будимирци и 200 литри нафта на ЈП Македонија пат за санирање на регионалниот пат Рапеш-Старавина кој беше однесен и оштетен од поројните дождови. Одобрено беше барањето на месната заедница од с.Рибарци за ангажирање на градежна механизација-багер за чистење на вештачкото езеро од шавар и трска, МЗ Гнеотино за поставување на цевка и изработка на собирен канал,на месната заедница од с.Гермијан за изградба на патека од црквата до капелата и тротоар во должина од 40 м и ширина 1,5м.Усвоени и одобрени беа неколку парања за еднократна парична помош на физички лица за направени штети од невреме и обилните врнежи.Советниците донесоа предлог измени на програмата за изгработка на општи акти на територијата на општина Новаци за 2014 година, измени на програмата за изградба,реконструкција и одржување на локалните патишта и улици а беше формирана и Комисија за развој на туризмот во Мариово и заштита на животната средина во општината. 8