Информатор на општина Новаци 30 | Page 5

Општина Новаци со регионот Долна Нормандија ќе го развиваат меморијалниот туризам Делегација од општина Новаци на покана на АЛДА од 20 до 24 октомври беше во посета на регионот Долна Нормандија со цел децентрилизирана соработка и развој на меморијалниот туризам помеѓу двете земји Македонија и Франција. На серијата состаноци се зборуваше за спроведените активности во периодот 2013/14 година, презентација на стратешките ориентации за продлабочување на понатамошните активности,воспоставување нови врски и партнерства и запознавање со институционалната рамка на соработката која е основа на билатералната соработка.Програмата на посетата се одвиваше на две локации од кои едната поврзана со историјата на Втората светска војна и истоварувањето на сојузничките трупи на плажите во Долна Нормандија а втората со децентрализираната соработка помеѓу двата партнери од областа на културното наследство,сеќавање и мир. На ова студиско патување на кое присуствуваа дваесеттина македонски претставници му претходеше официјална средба на институционалните партнери од соработката,Комитњет за стратешко планирање во кое членуваат Регионалниот совет на Долна Нормандија,Министерството за локална самоуправа на РМ,Министерството за надворешни работи на Франција,Асоцијацијата на агенции за локална демократија – АЛДА и Канцеларијата на децентрализирана соработка ДН-МК во Скопје. 5