Информатор на општина Новаци 30 | Page 11

Последни активности пред асфалтирање на патот Брод-Гнеотино Забрзано се работи на подготвување на теренот за асфалтирање на локалниот патен правец Брод-Гнеотино во должина од 3 километри. „Се прават последните подготовки пред да се асфалтира 3 километарскиот пат Гнеотино-Брод во должина од 3 км.Градежната механизација го рамни,тампонира и поставува пропусти.Се става последниот слој на тампон, се набива и валира теренот.Се очекува градежните зафати да финишираат од 15 ноември кога патниот правец и свечено ќе биде пуштен во употреба.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. За асфалтирање на овој патен правец благодарение на Владата на РМ се доделени 20 милиони и 200 илјади денари , средства преку Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.Од оваа програма на територијата на општина Новаци се асфалтирани 1км улици во Новаци,Бач и Маково како и патот од с.Живојно кој води до манастирот Св.Илија во должина од 700 метри. 11