Информатор на општина Новаци 30 | Page 15

Посета на месните заедници во Маково и Рапеш и средба со месното население Градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски заедно со советниците од Советот на општина Новаци остварија средба со жителите на населените места Маково и Рапеш.Оваа е редовна практика која се повторува во одреден временски интервал со цел преку директни средби со населението да се слушнат нивните проблеми и да им се помогне во нивно разрешување. „На одреден временски период практикуваме да ги посетиме сите жители од нашата општина а особено во овој период од годината кога се планира буџетот за следната тековна година со цел да видиме кои се проблемите со кои се соочуваат, што им е