Информатор на општина Новаци 29 | Page 8

Градоначалникот Котевски им посака добредојде на првачињата и успешен почеток на школската години 38 првачиња денеска за прв пат влегоа во училишните клупи во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци.Градоначалникот Лазар Котевски заедно со директорката на училиштето Ана Котевска Велјановска и советничката за образование Мирјана Хаџиевска денеска ги дочекаа и им посакаа топло добредојде и успешен старт на учебната година. „Многу ме радува фактот што годинава имаме 38 првачиња од кои 16 во Новаци. На ниво на општината бројката на ученици во ЦОУ Славко Лумбарковски се зголеми за 30 тина нови ученици.Наставата ќе се одвива во 8 подрачни училишта од прво до деветто одделение.Се е во ред , нема никакви финансиски или друг вид на проблеми,преземени се сите мерки кои се потребни за непречено одвивање на наставниот процес.“ рече градоначалникот Котевски. Образовниот процес започна и во центрите за ран детски развој во Новаци,Живојно,Горно Агларци и Добромири каде се згрижени околу 50 тина дечиња н