Информатор на општина Новаци 29 | Page 7

Заврши македонско-грчката уметничка програма во рамките на проектот „Жива историја,жива природа“ Делегација од општина Новаци предводена од градоначалникот Лазар Котевски присуствуваше на изложбата на дела создадени на ликовната колонија во Аридеја,Грција на која присуствуваа 6 уметници од Македонија.На грчаката му претходеше иста ваква активност во Новаци која заврши со изложба во Магазата. „Станува збор за едно месечна ликовна колонија во чии рамки македонски и грчки уметници твореа во двете земји по 15 дена а потоа нивната работа беше претставена на изложба. Навистина се создадоа прекрасни творби во двете места а пред се многу сум задоволен од меѓусебното дружење и одличната соработка“ рече градоначалникот Котевски. Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски се запозна со новиот грчки колега,градоначалникот на општина Алмопиа,Димитрис Бинос со кого општина Новаци заеднички го реализира проетот „Жива историја,жива Природа“. „Од 1 септември нашата партнер општина има нов градоначалник односно досегашниот Димитрис Пасоис го замени Димитрис Бинос кој на чело на Алмопија ќе остане 5 години. Се запознавме меѓусебе,разменивме неколку идеи за понатамошна соработка и секако се договаравме за начинот на комуникација и имплементација на новиот ИПА проект кој е продолжение на овој кој досега заеднички го работиме“ посочи Котевски. Делата од двете изложби ќе бидат дигитализирани и достапни за јавноста на интернет во вид на дигитална излозба која наскоро ќе започне да се изработува. 7