Информатор на општина Новаци 29 | Page 6

Монитори од Брисел во општина Новаци Во рамките на имплементацијата на ИПА проектот за заштита на културно-историското наследство во општина Новаци „Жива историја,жива природа“,градоначалникот Лазар Котевски и проектниот тим беа домаќини на два независни монитоти од Брисел, г-ѓа Рафаела Паломбела од Италија и г-ѓа Симона Нанеску од Романија. „Целта на оваа т.н РОМ мисија е независни наблудувачи ангажирани од ЕУ да се запознаат со текот и имплементацијата на ИПА проектот, да ги видат резултатите,видливоста и одржливоста.На самиот почеток се интересираа за општината, за соработката со нашиот грчки партнер општина Алмопиа, како и за проблемите и предизвиците од спроведувањето на прекуграничните проекти.“ рече градоначалникот Лазар Котевски. Двете независни монитори ги посетија и објектите во Мариово кои беа предмет на реконструкција со средства од ИПА проектот. „Најпрво ја посетија црквата Св.Димитрија во село Град